Католиците низ светот го слават Велигден, најстариот христијански празник со кој се одбележува неделата на Христовото воскреснување.
Папата Франциско денеска треба да служи миса, а на верниците ќе им се обрати со порака „Урби ет орби“, ќе им го честита Велигден и ќе го подели својот апостолски благослов.
Папата Франциско синоќа во Базиликата Свети Петар ја отслужи службата “Велигденско бдеење”.
Со тоа ја одбележа и традиционалната церемонија Велики петок, повикувајќи на мир во Блискиот Исток.
Базиликата беше во мрак на почетокот на литургијата, што ја симболизира темницата во Исусовиот гроб пред воскреснувањето.
Околу 10 илјади верници држеа свеќи кога папата се упати кон главниот олтар, по што се запалија светлата.
Новоизбраниот аргентински папа ја предводеше церемонијата со која се потсетува на последните часови од животот на Исус Христос, при што процесијата го обиколи Колосеумот во Рим.
На Велигден се слави победата на Исус над смртта и гревот.