Со три “симболични “ полетувања утре ќе биде означено отворањето на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем со засилени безбедносни мерки дванаесет дена по терористичкиот напад на 22 март.
- Од утре Brussels Airport треба да биде делумно оперативен, рече генералниот директор на аеродромот и додаде дека «ова е знак на надеж кој сведочи за нашата волја и сила да го надминеме овој предизвик».
Првите три лета ќе однесат патници во Атина, Торино и Фаро а превозник е белгиската компанија Brussels Airlines.
Нормализирањето на сообраќајот ќе се одвива постепено. Од понеделник ќе можат авионите и да слетуваат иако во овој момент аеродромот ќе користи само 20 отсто од својот капацитет.
Безбедносните мерки за зајакнати и само патниците со билети и лични докменти ќе можат да влезат во аеродромот а багажот ќе биде контролиран пред влезот во аеродромот. Засега јавниот транспорт нема да има пристап на аеродромот и патниците ќе можат да доаѓаат или со такси или со приватна кола.
За хотелскиот сектор во Брисел затворањето на аеродромот е вистинска финансиска катастрофа. Резервациите во хотелите се намалени за половина од денот на нападите.




