НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документите од Панама: протече најголемата база на офшор тајни

0
By Сашка Цветковска on April 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Протече најголемата дата база на податоци за компании досега со податоци од Панама која изложи фирми и финансиски тајни на светски лидери, политичари, јавни службеници, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот итн. Адвокатски фирми и финаскиски консалтинг компаниии им помагале на овие луѓе да перат пари и да кријат имот ширум светот.  Овие документи открија дека претседателот на Русија Владимир Путин сокрил имот вреден 2 милијарди евра преку фирми и зделки во Панама, но покрај него  се излжија и лидери и политичари од земјите од Западниот свет каде што корупцијата не се толерира, како премиерот на Исланд кој во моментов се соочува и со предвремени избори откако се откри дека и тој криел имот во офшор земјите. Друштво  им прават и претседателот на Украина, кралот на Саудиска Арабија, децата на претседателот на Азербејџан и многу други. За тежината на оваа протечена база на документи говори и фактот дека вечерва по по објавувањето премиерот на Велика Британија Дејвид Камерун најави организирање на итен самит на лидери на кој ќе се разговара за опасностите и заканитее од концептот на офшор држави.

Дата базата протече откако вработен во панамската адвокатска фирма „Мосак Фонсека“ им предал 2,6 терабајти документи на весникот „Зидојче Цајтунг“. Од „Зидојче Цајтунг“ се обратиле во Интернационалниот конзорциум на истражувачки новинари“ кои претходно работеа со дојави и документи од овој тип како Офшор Ликс, Свис Ликс и Лукс Ликс. Конзорциумот една година работеше со новинари и редакции од целиот свет. Целата база за пребарување ќе биде достапна во Мај.

Ова е досега најголемата протечена база на документи од офшор компании. Во неа се вклучени податоци од 1977 до 2015 или околу 1,5 милиони документи. Овозможува досега невиден инсајдерски пристап од офшор светот овозможувајќи преглед на црните пари низ глобалнио финансиски систем декада по декада.

НОВАТВ пред две години ги објави првите и досега единствени документи за Македонија од Панама кои во сопствениците на офшор компании го вклучуваа политичарот Борис Стојменов и целото негово семејство сосе снаата вработена во Министерството за правда, како и актуелниот сопственик на Канал 5 телевизија и поранешните директори на „Македонија Табак“ од кои едниот пребега во Јужна Африка. На сториите работеа новинарите Борис Георгиевски и Сашка Цветковска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.