Од експлозија на бомба во Пакистан се убиени две, а ранети шест лица.
Според пакистанската полиција станува збор за бомба која експлодирала со помош на
далечински управувач.
Пакистанските талибанци ја превземаа одговорноста за бомбашкиот напад во близина на местото Бану каде што требаше да се одржи партиски изборен собир.
Бомбата експлодирала во близина на конвојот од десетина автомобили, а во еден од нив се наоѓал поранешен пратеник од Националната партија во Кибер, кој е ранет.
Бану се наоѓа на серозападниот дел од Пакистан во близина на племенската област која се смета за светилиште за талибанците и групите поврзани со Ал Каеда.