Деветмина ученици во прво одделение во едно училиште во Крушевац, Србија се повредени денеска откако рингишпилот на кој се возеле се распаднал.
Децата биле дојдени на екскурзија во Бориќи, Сокобања.
Седум од децатасе хоспитализирани во Детската клиника во Ниш, а едно дете е пуштено на домашно лекување јавуваат српските медиуми.
Неофицијално, едно девојче на седумгодишна возраст со тешка повреда на главата е сместено на Неурохируршкото одделение од Детската болница.
Во моментов над неа се извршува хируршка интервенција.
Девојчето е повредено кога врз неа паднал дел од конструкцијата на рингишпилот.