По серијата тензии, претседателката на Јужна Кореја, Парк Гон-хај предупреди на “силна одмазда“ на било какви провокации од Северна Кореја.
„Доколку се појави било каква провокација против Јужна Кореја и нејзиниот народ, ќе има силна реакција од наша страна без политичка пристрасност“, беше изјавата на Гон-хај пред министерот за одбрана и високите претставници на средбата во понеделникот.
На состанокот со високите воени претставници и министерот за одбрана Ким Кван-Џин, Парк рече дека секојдневните воени закани кои произлегуваат од Северна Кореја, ги сфаќа “многу сериозно“.
„Верувам дека ние треба да изнесеме цврста и непосредна одмазда без какви било други политички согледувања доколку Северот објави било какви провокации против нашиот народ“, додаде јужнокорејската претседателка.
Тензиите меѓу двете соседни земји се на високо ниво веќе неколку недели, откако Северна Кореја ја засили својата непријателска реторика против Сеул и Вашингтон.
Во саботата Пјонгјанг и официјално објави дека се наоѓа во “состојба на војна” со Јужна Кореја.