Суфицитот на Србија во надворешно-трговската размена со земјоделско-прехранбени производи во првите два месеци од 2013 година падна за 57,4 отсто. Така што сега изнесува 52.6 милиони долари, објави денес Стопанската комора на Србија
Воислав Станковиќ, експерт за земјоделство и советник на претседателот на Стопанската комора на Србија рече дека во јануари и февруари извозот на земјоделски производи и храна падна за два отсто, на 320 милиони долари, додека увозот е зголемен за 32 отсто, односно 367.4 милиони долари.
“Негативните резултати во надворешната трговија во земјоделството и прехранбената индустрија во Србија се како последица на сушата и намалување на обемот на извоз и појавата на афлатоксин која го спречи извозот на млеко, млечни производи и пченка”, рече тој.
Станковиќ за агенцијата БЕТА изјави дека ваквиот тренд ќе продолжи до средината на оваа година.
“Додека не се отстрани проблемот со афлатоксин и не се врати дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм Србија нема да може да извезува млеко во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина”, рече Станковиќ, додавајќи дека во 2012 година се извозени млеко и млечни производи за 90 милиони долари.