Published: Saturday, April 9, 2016 15:41
Судот во австрискиот град Санкт Пeлтен му одреди двегодишна затворска казна на македонски државјанин кој преку социјалните мрежи го величал Хитлер, објави Дојче Веле.
Пораката „Хитлер врати се“ на Фејсбук испрати 26-годишен Македонец на издржување двегодишна затворска казна во Австрија. Судската порота во градот Санкт Пeлтен во четвртокот едногласно го прогласи за виновен за ширење нацистичка пропаганда, што е строго забрането во повеќе европски земји.




