Published: Monday, April 11, 2016 18:53
Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска рече дека Меѓународниот монетарен фонд инсистира на имплементирање погрешни политики во Грција.
– Во Грција беа имплементирани погрешни политики и парадоксално е дека тој што признава дека станува збор за погрешни политики, ги прифаќа грешките и инсистира грешките да се применат, рече Ципрас по средбата со премиерот на Португалија, Антониу Кошта.
Грција и ММФ во моментов се во преговори за третиот пакет мерки за спас на грчката економија, а двете страни не се согласуваат со предложените мерки од кредиторите.



