Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Васиљев од Бољшој ja доби наградата на Танц фест

0
By on April 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 2, 2013 13:18

Танц фест Скопје , пред своето најново издание ја додели наградата за врвни достигнувања во областа на танцот Менада. За 2013 година, кога се одржува деветтото издание на Танц Фест Скопје, наградата ќе му биде доделена на Владимир Викторович Васиљев, водечкиот танчер од Бољшој театар. Одлуката едногласно ја донел советот на фестивалот.

Владимир Викторович Васиљев е врвен изведувач со извонреден опсег, кој поседува ретка уметничка дарба и виртуозност. Васиљев, кој дипломира на „Moscow Bolshoi Ballet School“ и триесет години е водечкиот танчер при Бољшој театар. Тој има огромен придонес во развојот на класичниот балет. Преку бројните балетски претстави и улоги кои ги имал,
Васиљев креира нови танцови модели – стандарди, кои оформија неколку генерации на уметници, вклучувајќи ги и сегашните. Кај нив, слободата на триумфалната виртуозност е органски и нераскинливо поврзана со најсуптилните музички акценти и интонациите на секој емоционален импулс. Без разлика дали е тоа гордиот Спартак или блескавиот Базил, тиранинот Иван Грозни или мудриот Зорба, себе-вљубениот Нарцис или нежниот Ромео, грижливиот Албрехт или ведриот Иванушка, невозможно е да не се поверува во нивната емоционална перипетија. Неговиот дует со Екатерина Максимова, останува до денешен ден ненадминат пример за партнерство и на сцената и во реалниот живот, признат од страна на Танцовата Академија од Париз како Најдобар дует на светот. Уникатниот танц на Васиљев го привлекува вниманието на светските водечките кореографи.

Тој е основач и управник на балетското училиште на Бољшој во Бразил, и за време на неговото претседавање како Претседател на Фондацијата Галина Уланова, тој се вклучува во разновидна социјална работа со цел зачувување на духовните и креативни наследства на големите танчери од минатото.

Денес, Васиљев е Народен Уметник на Русија, професор при Руската Академија за Изведувачки Уметности, член на Руската Академија на Уметностите и на Интернационалната Академија на Уметностите, Почесен професор на Државниот Универзитет во Москва, Почесен доктор на Humaine Letters, Centre College (САД), добитник на мноштво престижни награди меѓу кои се и Државните награди на СССР и Русија, наградата “Нижински“ за Најдобар танчер на светот, како и наградата од Париската Академија за Танц за “најдобар дует“ со неговата сопруга Екатерина Максимова, наградата од Градоначалникот на Москва, Руската Нобелова награда, како и државни ордени и медали од Русија, Франција, Италија, САД, Бразил, Аргентина, Литванија и УНЕСКО.

„Наградата ја доделивме, следејќи ја традицијата започната во 2005 година, со желба оваа награда да ги опфати сите сегменти на танцовата уметност, со што ќе се потврди нејзината комплексност“, вели Цветан Грозданов, претседател на советот на Танц фест.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.