https://www.youtube.com/watch?v=7ob0R7IiWBM
Во најсилниот земјотрес кој во последните неколку децении го погоди Еквадор, беа уништени крајбрежни градови, а жителите беа евакуирани на повисок терен.
Земјотресот предизвика штета и во големиот економски центар Гвајакил каде се урнале згради и распукале патишта. По големиот земјотрес следеле серија од 55 помали потреси, соопшти еквадорската сеизмичка служба.
Претседателот Рафаел Кореа прогласи вонредна состојба во шест погодени покраини и ја повика земјата од 16 милиони жители да остане смирена.
Властите ги повикаа жителите на крајбрежните области на евакуација од страв од цунами, но предупредувањето беше подоцна повлечено. Исплашените жители излегоа на улиците на главниот град Кито, одалечен стотици километри од епицентарот на земјотресот, кој бил на длабочина од 20 километри и се почувствувал низ целата земја.




