Рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет со кој сите руски официјални лица и директори на државни компании ќе мора да се откажат од сите странски сметки и акции на компаниите, јавува Слободна Европа.
Сите руски политичари од први јуни ќе мора да ги затворат сите странски банкарски сметки, а доколку имаат имот надвор од Русија да мора да го продадат.
Шефот на кабинетот на претседателот Сергеј Иванов изјави дека никој нема да биде над законот и оти секој кај кого ќе бидат најдени такви средства по овој рок, ќе биде разрешен.
Аналитичарите сметаат дека декретот е со цел да се намали корупцијата и да се спречи странското влијание врз руските официјални лица.