Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потребни се стратегии што ќе спречат одлив на мозоци

0
By Нова ТВ on April 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2013 14:57

Потребни се стратегии што ќе спречат одлив на мозоци и ќе овозможат зголемување на вработеноста на младите, ова е заедничка констатација на парламентарките Тања Томиќ од СДСМ и Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.

Младите политичари денеска дебатираа за невработеноста и одливот на мозоци и решенијата за спречување на овој тренд. Претставници на политички партии од 15 активни младински организации во земјата учествуваа на дебатата организирана од страна на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи ОХРИД, јавува МИА.

За Тања Томиќ од СДСМ дебатата е добра можност за политички дијалог меѓу подмладоците на политичките партии, она што, како што рече таа, тие го нарушиле.

Според неа, освен за невработеноста и одливот на мозоци треба да се разговара и за миграцијата на работната сила внатре во Македонија. Многумина, вели таа, бараат начин како да заработат, се повеќе и во арапскиот свет. Одливот на мозоци според неа е поврзан со доброто образование и секако добрите плати, но и условите за работа.

Предложи неколку решенија како долгорочна, правна и институционална рамка, креирање база на податоци на експерти како од Македонија така и за Македонци кои работат во странство и комплетна државна стратегија за младите.

За Мехмети Деваја од ДУИ одливот на мозоци се предизвикува од економски и политички причини и младите бараат подобра заработувачка. И сево ова нема врска со една или со друга влада или коалиција. Тоа е социјален тренд што загрижува, вели таа. Во Македонија треба да се воспостави политика која ќе гарантира реална, независна пазарна економија ослободена од политика.

– Ова ќе не направи поконкурентен пазар. Потребна е реформа на јавната администрација во смисла таа да се ослободи од политички влијанија и да не биде главниот работодавач на младите луѓе, изјави пратеничката од ДУИ.

Но, според неа, главната задача за решавање на невработеноста на младите и одливот на мозоците и одговорноста останува на владите без разлика која политичка гарнитура е на власт.

Отворање на работни места во секој град и спречување на миграцијата на младите е еден од предлозите што беше посочен од Бојан Бошковски, член на Младинската организација на Демократскиот сојуз.

Слободанка Алексовска од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вели дека целта на владејачката партија и на Унијата е на младите да им се предочи дека нивниот личен успех е успех и на државата и дека нивното место е во Македонија. Според неа, ситуацијата е променета, а претприемништвото го посочи како еден од начините и можностите за вработување односно самовработување на младите луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.