Британецот Мик Филпот, татко на 17 деца со пет различни жени, е прогласен за виновен за убиство на шест од своите деца.
Тој ги користел децата единствено за добивање на социјална помош во износ од 60.000 фунти годишно.
Педесет и шестгодишниот Филпот, заедно со сегашната сопруга Мајред и еден од своите пријатели, во мај минатата година подметнале пожар во семејната куќа за што планирал да ја обвини својата поранешна сопруга.
Според „Дејли мејл“, Филпот планирал од пожарот да ги „спаси“ децата, и да го врати старателството над пет од нив и да добие поголема куќа од градските власти.
Додека шесте деца спиеле на горниот кат од куќата, таткото подметнал пожар планирајќи да ги спаси преку горниот прозорец и така да стане „херој и жртва“.
Но, планот му пропаднал бидејќи употребил премногу бензин и огнот излегол од контрола.
За полицијата првично биле виновни сите тројца за убиството, но обвинението подоцна е променето во убиство без предумисла бидејќи обвинетите немале намера да ги убијат децата.