Поплавите во Аргентина однесоа 52 животи, а речиси 1.500 од нив беа принудени да се евакуираат од градот Ла Плата, главниот град на провинцијата Буенос Аирес.
Утринава, повеќе од 250.000 жители во главниот град, а уште скоро 2,9 милиони ширум државата немаат електрична енергија. Некои од жртвите се удавија откако останаа заглавени во автомобилите, а некои го изгубија животот од удари на струја, изјави гувернерот Даниел Сиоли, кој додава дека ова е една од најголемите катастрофи кои го погодиле градот.
Во Буенос Аирес, невремето однесе најмалку пет животи, а многу семејства ја поминаа ноќта на покривите на своите куќи.
Според властите, вакви поројни дождови имало во 1906 година.