Израелските војници убија двајца палестински тинејџери во судирите коишто во средата ноќта избувнаа на Западниот брег, коишто западните земји ги сметаат за окупирани палестински територии, јавува Слободна Европа.
Израелските воени сили потврдиле дека бил отворен оган врз група од неколкумина Палестинци кои фрлале запаливи бомби врз контролен пункт во Тулкарем.
Судирите избувнаа вчера во делови од палестинските територии за време на протестите поради смртта на еден палестинец во израелски затвор.
Вчера, израелски авиони за прв пат од примирјето во ноември, бомбардираа цели во Појасот Газа, како одговор на истрелувањето ракети врз израелска територија.