НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ААВМУ: „Алфа“, „Канал 5“, „Нова“ и „Сител“ известуваат необјективно

0
By Нова ТВ on April 29, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дел од телевизиите со национална концесија не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено оние каде се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења, пишува во првиот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (AAВМУ) од следењето на медиумското претставување во вестите, во периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања, односно од 15 до 24 април 2016 година.

Следењето покажало дека во првите десет дена од распишувањето на изборите, најмногу се известувало за „активностите и ставовите на и за четирите најголеми партии, меѓународниот фактор и претседателот на државата во врска со политичката криза и граѓанските протести“, а радиодифузерите покажале „различен однос кон професионалните стандарди и програмски начела за вршење на дејноста“.

„Програмските сервиси на Јавниот радиодифузен сервис настојуваат да ги почитуваат програмските принципи и стандарди и сопствените правила за покривање изборни процеси, со неколку исклучоци. Пет телевизиски програмски сервиси – не ги почитуваат начелата од член 61 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено она со кое се бара објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување публиката слободно да оформи мислење за одделни настани и прашања (алинеја 9). Кај ‘ТВ Алфа’, ‘ТВ Канал 5’, ‘ТВ Канал 5 Плус’ и ‘ТВ Сител’ се забележуваат прилози поврзани со политичката криза, со активностите на државните органи и со промовирањето на мерките од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ во чија обработка и третман медиумите покажуваат ист или исклучително сличен начин на известување, разработуваат/акцентираат исти тези и ставови (свои или преземени од домашни или странски медиуми, експерти, претставници на партии), па дури користат и исти (туѓи/странски) снимки како илустративен материјал, што укажува на извесна усогласеност во нивната уредувачка политика“, стои во извештајот.

Кај овие телевизии, се додава во извештајот, „се забележува тенденција која, доколку продолжи во истиот правец, ќе резултира со известување во функција на изборно медиумско претставување на партиите од власта“.

„Станува збор за прилозите во кои активностите за промовирање мерки за унапредување на земјоделието од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ се претставуваат како политика на државата во оваа сфера, како и за прилози за активности на државните органи на централно и локално ниво кои се креирани за да се привлече медиумско покривање“, се наведува во извештајот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.