Единаесет лица се пронајдени мртви и двајца се водат како исчезнати откако хеликоптер се урна западно од норвешкиот град Берген, пренесе BBC.
Единаесет од нив биле Норвежани, еден британски и еден италијански државјанин.
Слики од несреќата покажуваат густ чад кој доаѓа од област на карпести островчиња.
Хеликоптерот е „целосно уништенен, објавија медиумите. Тој летал од областа на нафтеното поле Гулфакс кон Берген, центар за нафтената и гасната индустрија на Северното Море.
Нафтена компанија „Statoil”, која објави дека авионот бил „на задача“, привремено ги приземји сите хеликоптери од истиот тип, Еурокоптер (ЕК ) 225 Супер Пума.
Портпаролот на полицијата, Мортен Кронен изјави дека е во тек голема операција во која се вклучени пожарникари, нуркачи и здравствени работници за да се спасат двете исчезнати лица.




