Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, апелираше до Северна Кореја да го промени курсот, велејќи дека тоа “отидоа предалеку” во својата реторика, јавува Би-Би-Си. Тој рече дека е загрижен, затоа што секоја “несакана криза” на Корејскиот полуостров ќе има “многу сериозни последици”.
Предупредувањето дојде неколку часа откако министерот за надворешни работи на Јужна Кореја изјави дека Северна префрли проектил со “значителна сила” на својот источен брег.Пјонгјанг претходно ги обнови заканите за нуклеарен напад против САД.Сепак, не се верува дека неговите проектили се способни да пренесуваат нуклеарни боеви глави.
Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни ги опиша заканите како “за жалење, но познати”, додавајќи дека САД ги преземаат “сите потребни мерки на претпазливост”.
Бан Ки Мун изјави на прес-конференција во Мадрид дека “нуклеарна закана не е игра, тоа е многу сериозно … Мислам дека тие [Северна Кореја] отидоа предалеку во нивната реторика”.
Тој ги повика сите страни во кризата да ја “смират ситуацијата и да се вклучат во дијалог”.
.