Вчера, само неколку часа по велигденскиот собир, се запали црквата Христовото Воскресение во Рокдејл, јавуваат австралиските медиуми. Четири луѓе се хоспитализирани, јавува Еј-Би-Си.
Пожарот избувнал од покривот, велат очевидци. Првите сомнежи се дека пожарот избувнал од неизгасната свеќа.
За време на интервенцијата на 60 пожарникари, тројца од нив биле повредени.
Во близина на црквата се наоѓа и дом за стари лица, кои веднаш биле евакуирани.
Оваа црква е под надлежност на владиката Петар. Во актуелниот повеќегодишен конфликт на македонските верници во Австралија со МПЦ, поточно со владиката Петар, ова е веќе трет пожар во македонска црква во последниве години.