На денешен ден пред пет години убиен е Осама бин Ладен, а терористичката мрежа што тој ја организираше Ал Каида, иако ослабена и натаму преживува и претставува закана.
Бин Ладен 10 години беше американски непријател број еден, ширум светот неговото брадесто лице претставуваше симбол на мешународниот тероризам, а пред точно една година откриен е во Пакистан и убиен во акција на американските специјалци.
Ал Каида во меѓувреме ја замени нова џихадистичка сила, Исламската држава, но таа и натаму според оценките на стручњаците претставува потенцијална сила и опасна закана.
Минатогодишниот напад на просториите на магазинот Шарли Ебдо во Париз покажа дека Ал Каида и натаму е во состојба да изведе таков напад и со таков обем, истакнуваат светските агенции во анализата посветена на годишнината од убиството на Бин Ладен.
Во Сирија и во Јемен експремистите на Ал Каида ја искористија хаотичната ситуација и презедоа контола над не толкѕ мала тероторија па дури и се претставуваат како алтернатива на бруталното владеење на Исламската држава.
Ал Каида е основана кон крајот на 80-тите години од минатиот век, а во време кога американските специјални сили го убија Осама бин Ладен во Пакистан, на 2 мај 2011. година, ова терористичка организација веќе била поприлично ослабена, бидејќи голем број од нејзините борци и лидери беа или убиени или апсени во американската борба против тероризмот.
Во редовите на Ал каида почна да расте и ензадоволството кога Ајман Ал Завахири го зазеде местото на Бин Ладен. Истовремено ирачкиот огранок на организацијата се издои и ја формира ИСИЛ.
Откако освои поголеми делови од Ирак и Сирија во 2014 година, оваа група прогласи Исламски калифат во областа под нивна контрола и го менува името од Исламска држава на Ирак и Левант, во Исламска држава.
Оттогаш Исламската држава практично ги засени бившите партнери бидејќи на своја страна привлече илјадници џихадисти и ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа над стотина луѓе во Брисел, Париз, Тунис, Либан, Јемен, Саудиска Арабија како и во рускиот авион кој беше соборен во Египет.
Брзајќи да прогласи калифат и да воспостави своја влст, Исламската држава меѓутоа стана лесна мета.
Францускиот експерт за ислам и џихадистички групи Жан Пјер Филиу истакнува дека Исламската држава е посебно ефикасна во користњето на современата технологија, за што прилично ги надминува ривалите.
– Пропагандата на Ал Каида стана невидлива на социјалните мрежи благодарени на медиумската воена машинерија која успешно ја разви Исламската држава, вели Филиу.
Вилијам Мекантс од Институтот Брукингс се согласува дека Ал Каида е послаба од ИД но смета дека се опоравува, посебно во Сирија и Јемен.
Огранокот на Ал Каида во Јемен освои значајна територија на југот и на југоистокот од земјата додека владата се бори против шиитските бунтовници.
САД и натаму ја сметаат Ал Каида за клучна закана и против ова агрупа во Јемен водат војна со дронови.
Во нападите со беспилотните летала убиени се голем број истакнати оперативци меѓу кои и вториот човек на Ал Каида во командниот ланец, Насир ел Вухајши, во јуни лани.
Бившиот разузнавач Алан Родијер на почетокот на април за францускиот сајт Атлантико истакна дека „смртта на таткото на Ал Каида на ниту еден начин не значи и крај за неговите потомци“.
-Овој џихад ќе трае со децении, изјави Родијер.






