Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Увид во мрежата на даночни затајувачи

0
By Нова ТВ on April 5, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2013 09:31

Светот во сенка на даночните оази излегува на виделина. Анонимен извор овозможува увид во начинот на функционирање на мрежата даночни затајувачи. Во моментов медиуми во 46 земји ги анализираат добиените податоци.

Повеќе од 130.000 лица од 170 земји депонирале пари во даночните оази. „Податоците од анонимните извори биле преземени преку интернет преку два сервери на фирмите. Во смисол на заштита на податоците не може ништо повеќе да се каже за начинот на кој е дојдено до нив. Но, јасно е дека имало голем пропуст“, вели германскиот новинар специјализиран за анализа на податоци Себастијан Мондиал, кој учествува во анализата на добиените податоци. Тоа значи дека тајните на оваа фирма во извезен период биле достапни „така што некој можел да ги копира“, вели Мондиал во разговор со Дојче веле.

Многу податоци не биле сортирани, пишува весникот „Зидодјче цајтунг“. Некои документи морале да се обработат за машински да може да се прочитат.

Британските Девствени Острови, Куковите Острови, Сејшелите или Панама – сите тие го нудат она што за некои фирми и приватни лица звучи многу привлечно: анонимност. „’Дојдете кај нас, не треба да се плашите од контрола од даночните служби’ – со вакви и слични примамливи понуди се рекламираат т.н. офшор – острови кај богатите“, вели Томас Ајгенталер од Германскиот даночен синдикат. Поволно при избегнувањето на даноците е и тоа што даночните обврзници не мора тоа да го прават сами. Се разви една советодавна индустрија, која нуди соодветни решенија, вели Ајгенталер. Освен ова многу даночни оази не водат регистри, каде треба да се внесат информации за сопствениците на фирмите или имотот, смета Мондиал.

ЕУ проценува дека поради даночни затајувања или избегнување на даноци годишно се трпат загуби од околи илјада милијарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

ВЕСТИ May 26, 2026

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе…

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.