Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на романот „Платно“ од Бенјамин Штајн

0
By Нова ТВ on April 5, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2013 11:36

Литературно читање и разговор со германскиот писател Бенјамин Штајн кои се воедно и промоција на македонското издание на романот „Платно“ ќе се одржи вечер во ГЕМ клубот.

Настанот е поддржан од Друштвото за македонско-германско пријателство, литературната мрежа Традуки, Гете Институтот во Скопје, а е во организација на издавачката куќа Блесок и преведувачката Елизабета Линднер.

Бенјамин Штајн е роден 1970 година во Источен Берлин под друго име. Од 1982 година објавува поезија и куса проза. Од 1995 година работи како новинар, кореспондент и советник за информатичка технологија. Од 2006 до 2008 година е коиздавач на литературното списание спа_’тиен’, а од 2008 година сопственик на издавачката куќа Edition neue moderne. Редовно пишува на својот литературен веб-блог Turmsegler. Бенјамин Штајн живее и работи во Минхен.

Негови објавени дела се „Азбуката на Јуда Лива“ (роман, 1995), „Поинакво сино“ (проза за седум гласови, роман, 2008), „Платно“ (роман во две приказни, Ц.Х. Бек, 2010) , „Replay“ (роман, Ц.Х. Бек, 2012).

Романот „Платно“ во Германија беше објавен во 2010 година, а во 2011 година излезе кај Блесок, во превод од германски на Елизабета Линднер, и со поддршка од литературната мрежа Традуки. Македонскиот превод е прв превод на овој роман, кој веќе излезе на неколку јазици и сè уште активно се преведува.

Во двете слоевити приказни на протагонистите Јан Векслер и Амнон Зихрони, романот се занимава со идентитетот и сеќавањето низ призмата на еврејската култура и религија, а воедно плени со својот убав, лесен и живописен јазичен и литературен стил. Со тоа оваа книга заслужно доби одлични рецензии во сите водечки германски весници и списанија, а за неа авторот ги доби литературните награди Тукан и Наградата за поддршка на писатели од Министерството за наука, истражување и уметност на Баварија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.