Напнатоста на Корејскиот полуостров е се поголема. Сеул испратил два брода на источниот и западниот брег додека Северна Кореја преместила најмалку еден ракетен систем на источниот брег.
Руската Амбасада во Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг сугерирал евакуација на дипломатскиот персонал поради тензиите на Корејскиот полуостров. Портпаролот Денис Самсонов изјави дека засега тоа сепак не се планира.
Како што пренесува Слободна Европа, јужно корејските медиуми пак јавија дека Сеул испратил два брода на источниот и западниот брег додека Северна Кореја преместила најмалку еден ракетен систем на источниот брег.
Тензиите по последните нуклеарни тестови на Пјонгјанг доведоа Северна Кореја да прогласи воена состојба со Јужна Кореја и да им се закани на САД со нуклеарни напади.