НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активистите за заштита на животните злоупотребени за кампања

0
By Сашка Цветковска on April 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладини организации за заштита на животните реагираат дека се злоупотребени од компанијата Тинекс во интерес на кампањата за кандидатот за градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ.

Радмила Пановска од организацијата “Срна” вели дека се шокирала кога вчера утрото ја видела печатената реклама на компанијата “Тинекс” во која тие тврдат дека на нејзината организација и на зружението „Срце за животните“ минатата година им дале донација од 5, 5 милиони денари, а годинава 400.000 денари или, ако се заедно околу 90 илјади евра.

Освен овие тврдења, Пановска го прочитала и своето име во рекламниот материјал каде таа дава и изјава каде ги фали и се заблагодарува за хуманите активности на компанијата која помогнала да се згрижат и нахранат животните. Таа тврди дека таква изјава не дала никогаш, а уште помалку земала донација од компанијата.

Таа, како претставник на “Срна” и претставници на другата организација која се споменува “Срце на животните” тврдат дека никогаш не примиле пари од нив, ниту давале изјави за нивните реклами. Се што добиле од Тинекс минатата година, велат тие, е донација од стариот леб со поминат рок кој компанијата се согласила да им до дава за да ги нахранат животните.

“Ми се јавија од Тинекс да ме прашаат дали ќе потврдам дека ни помагаат преку донации со стар леб со поминат рок и јас нормално, реков дека потврдувам, иако не знаев за каква цел тоа ќе биде употребено.

– Во последните 4 години до Тинекс имавме поднесено молби за донации за прехрамбени производи со поминат рок со кои нашите активисти ќе ги хранат бездомните кучиња. На нашите активисти им се носеше на одредени локации само леб и лиснати теста со поминат рок, за што сме им многу благодарни.

– Но, да се напише лага дека 5.5 милиони се дадени без да наведат за што се потрошени и дека не се дадени во пари туку во производи со поминат рок не е никаква хуманост и помош на заедницата како што е напишано во рекламата, туку најголема измама и срам за кандидатот за градоначалник што во својата кампања сака да се покаже дека е голем хуманист, а всушност се служи со највалкани лаги и измами и јавноста ја доведува во заблуда дека на друштвата се донираат големи пари“, тврди Радмила Пановска од организацијата “Срна”.

Oд компанијата “Тинекс” велат дека е точно дека донацијата била во храна, а не во пари, но негираат дека Пановска не им дала изјава.

“Ние им даваме леб, а вредноста на таа храна е толку, ние не лажеме, имаме документи и не ни е јасно зошто тоа го зборуваат. Ние во секое време можеме тоа да го докажеме, таман работа да се служиме со вакви работи” велат од компанијата “Тинекс” иако не објаснија зошто во рекламата не прецизирано дека донацијата е во леб, а не во пари.

Дополнително, Тинекс до редакцијата на Нова го достави и договорот за донација кој го има со организацијата “Срце за животните”. Членот во договорот кој ја определува сумата за донација вели “Давателот на донацијата му дава на примателот материјални добра – храна во износ ДО 6 милиони денари”. Претседателот на таа организација, Вангел Мицевски во разговор со Нова вели дека таков договор имаат потпишано, но тие добивале само стар леб, а и самиот договор, вели тој, ја има додавката ДО, што не значи дека тие ги примиле тие 6 милиони денари во стар леб.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.