Папата Франциск денеска побара одлучни мерки против сексуалното злоставување кое го направиле припадници на црквата, соопшти Ватикан.
„Светиот отец побара конгрегацијата, следната линија која ја установи Бенедикт Шеснаесетти, одлучно да делува во случаите на сексуално злоставување“ пишува во соопштението од Ватикан, јавува Макфакс.
Ова, како што потсетува агенцијата Франс прес, е прв пат папата јавно и директно да зборува за сексуалното злоставување кое со децении го правеа свештениците на над десетици илјади деца.
Папата побара „промовирање на мерките за заштита на малолетниците и помош од оние кои во минатото биле изложени на такво насилство“.
Поглаварот на римокатоличката црква побара и продолжување на постапката против сторителите и формулирање и спроведување на неопходни насоки во таа област.
Папата исто така рече дека „во молитвите е со оние кои патат, жртвите на злоставување се присутни на посебен начин“.
Скандалот со свештениците кои злоставуваа деца избувна на почетокот од 2000-те во САД, а потоа се појавија случаи и во Европа, посебно во Ирска каде се пријавени десетици илјади случаи.