Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски и старите пријатели Германците

30
By Биљана Секуловска on May 7, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 7, 2016 11:04

Дојде време кога од бункерот нема излез за Груевски. Човекот кој сонуваше за него и низ годините како поминуваа, тој и создаде бункер за своите сонародници. Тој ист бункер сега нему му се сврти и само боцата со кислород го потсетува дека се уште е жив. Не за долго, крика тој од бункерот, зарем нема да биде доволно долго?

Не, му загрмува еден друг глас во главата. Така изгледаат последните денови, му вели гласот, така изгледаа и на Милошевиќ.

Сетете се само. Со месеци татнеа повиците на српските демонстранти: Одиме на Дедиње! Корачаа бавно, неволно и разочарано така со месеци. Секој пат, секој ден, тие беа враќани. Блокадите беа безмилосни. Србите се бестрашен народ, секој пат кога се обидуваа да ги пробијат блокадите на полицијата, секој ден кога и се спротивставуваа на вооружената армија, беа тепани, претепувани, но не и обесхрабрени.

Одеа така со месеци. Дедиње, онаму каде што живееше нивната цел, никогаш не падна.

Сега Груевски ги реди сликите. Месец по месец, секоја наредба на Милошевиќ тој ја знае на памет. Дури и онаа да се пука во демонстрантите. Ќе слегне со рамената Груевски, сетно и резигнирано, таа наредба не беше послушана, не од српската полиција.

И што има сега Груевски со себе во сеќавањата за стариот другар? Последните денови на Милошевиќ, она што е достапно како литература, нешто банкарски сметки во Русија на неговото семејство, тивките денови на Мира Марковиќ,  по некој говор кој би можел да ечи од бункерот, но и тоа не е случај.

Она што го мачи сега Груевски се последните денови на Милошевиќ. Особено оној ден, кога повиците на демонстрантите Одиме на Дедиње одекнуваат дури и денес во неговата глава.

Видете, дојде тој ден. Просто, полицијата, чуварите, армијата ја снема тој ден. Дедиње стана симбол на дезертерството на оружјето на Милошевиќ. Демонстрантите можеа да влезат низ капијата на поранешната куќа на човекот кој капитулираше.

Веројатно истите книги ми се достапни како и на Груевски, за тие последни денови на Милошевиќ.

И двајцата сега ја вртиме истата страница, претпоставувам. Тогаш кога сирените пиштеа низ Белград, тој ден, кога Дедиње беше нивно, тие сирени го оглувеа светот и тој се радуваше со нив.

Тогаш кога среќните бакали на гранапчињата, таа ноќ делеле леб на демонстрантите. Некако сите се разбудиле во исто време.

Нека ја затвори веќе еднаш книгата Груевски, оваа книга за Милошевиќ е претешка, прекрвава.

Сопствената книга од бункерот полесно се чита. Ако некој ѕирка однадвор, нека не се плаши Груевски. Тоа се старите пријатели, по некој срдечен Американец и еден весел Белгиец можеби. А, да, и еден амбициозен Германец, но нека не стравува Груевски. Таа приказна најдобро тој ќе му ја раскаже.

 

Груевски Евтини приказни Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.