Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последен ден од кампањата – повик за излезност

0
By Нова ТВ on April 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 5, 2013 19:57

Противкандидатот Кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „За подобра Македонија“, Владимир Тодоровиќ денеска најави поставување автоматизирани јавни тоалети на територијата на општината.

Неговиот противкандидатот од „Созјуот за иднината“ Андреј Жерновски, на последниот ден од изборната кампања, ги повика граѓаните в недела масовно да излезат на гласање и да му ја дадат довербата.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од „Сојузот за иднината“ Јани Макрадули денеска ги повика граѓаните в недела масовно да излезат на гласање и заедно, како што рече, да се изборат визијата за подобро Скопје да стане реалност.

Славчо Чадиев кандидат за градоначалник на Велес од коалицијата „За подобра Македонија“ потсети на неговото дадено ветување дека ќе спроведува коректна, достоинствена и цивлизирана кампања.

Противкандидатoт од „Сојуз за иднината“ Аце Коцевски потенцира дека граѓаните само со еден потег можат да одлучат дали Велес ќе биде град – центар на Македонија што ќе освојува со креативност, со развој и со иднина.

Андреј Петров кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „Сојуз за иднината“ покрај тоа што ги повика граѓаните во недела да излезат на гласање потсети на дел од својата програма: Би ве повикал да гласате за легализација за 1 евро на балконите и доградбите во Карпош, за 1000 нови вработувања за одржување на објектите за домување, за нов пензионерски дом во Карпош, за нови детски градинки, за запирање на дебармаализацијата на Карпош и изградба на нови зелени површини, за бесплатно паркирање и нови катни гаражи.

Изет Меџити сигурен во својата победа во Чаир порача: Секој од вас слободно, независно и без никаков притисок, ја изразува сопствената волја за тоа кој сака да го раководи во следните четири години. Јавно ве повикувам, на 7 април, масовно излезете во вториот круг на избори и гласајте за вашата политичка опција.

Поактивно вклучување на локалните фирми во инфраструктурното уредување во градот, вети кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата “За подобра Македонија” Зоран Ѓорѓиевски при денешната посета на фирмите од градежниот сектор во овој регион.

Градење мултиетничко, прогресивно, модерно, европско и напредно Куманово е визијата на кандидатот за градоначалник од СДСМ Зоран Дамјановски кој денеска побара граѓаните задутре масовно да излезат на избори и да му дадат поддршка за уште еден мандат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.