Најголемата новинарска истрага во историјата располага со 2,5 милиона тајни документи и договори кои се доказ за избегнување на даночните обврски преку офф шор компании.
На списоците со кои располага овој проект се наоѓаат имиња од земјите од Балканот меѓу кои е и Македонија.
“Во списоците има имиња на познати и богати личности од Хрватска,Словенија, Македонија, Босна и Србија” изјави за ХТВ, Благ Жгага, новинар од Словенија кој учествува во оваа истражување.
Тој не сака да зборува за конкретни имиња се додека не заврши истрагата во целост.
“Можам само да кажам дека некои ќе бидат многу лути што имињата ќе им се најдат во медиумите” вели Жгага. Како посебно итересно тој најавува докази за соработката меѓу разни структури во регионот.
Меѓународната новинарска мрежа располага со 2,5 милиони докумети за 120.000 офф шор компании како и со договори склучени меѓу политичари и разни светски финансиски моќници.
Во истражувањето учествуваат 86 новинари од 46 држави.