Грчкиот парламент со тесно мнозинство ноќеска го изгласа владиниот предлог за пензиски реформи, во рамки на мерките што од Грција ги бараат кредиторите, ЕУ и ММФ.
Со законот за пензискиот систем се предвидува зголемување на придонесите за пензија и воведување на данок.
Пред гласањето пред зградата на Парламентот се собраа околу 10.000 луѓе. Помал број од нив фрла кон полицијата со молотови коктели и други предмети, на што полицајците одговорија со солзавец, додека повеќето мирно протестираа против серијата закони за кои сметаат дека драстично ќе ги намалат пензиите и другите социјални давачки.
Реформата на пензискиот систем со смалување на бројот на фондови и висината на пензиите е еден од условите за продолжување на помошта на Грција, а гласањето во Парламентот е одржано во пресрет на клучниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во понеделник во Брисел.




