Лекарите му ја ампутирале левата нога на познатиот југословенски и српски актер Бата Живоиновиќ за да го спасат, бидејќи гангрената почнала да се шири. Живоиновиќ е во тешка здравствена состојба.
„Бата е опериран во петокот и ногата му е ампутирана над коленото. Во моментот се наоѓа во шок соба каде што е приклучен на апарати за дишење. Рано е за прогнози во врска со неговата здравствена состојба“, вели согововрник за српски „Ало“.
Бата повеќе од пет години се бори со гангрената, заради што во 2011 година отпатува на лекување во Куба. Сепак болеста повторно се врати, а здравствената состојба во 2012 година му ја наруши и тешкиот мозочен удар.