https://www.youtube.com/watch?v=QHUXt_aIxTI
Со највисоки почести и голема парада во Пјонгјанг, се прослави завршувањето на седмиот конгрес од 1980 година наваму, на партијата и лидерот Ким Јонг ун.
Севернокорејскиот лидер беше централна фигура на парадата која ја следеше од тераса над огромниот плоштад на Ким Ил Сунг, на кој стотици илјади луѓе со букети цвеќе го славена наследникот на семејната династија.
Шефот на севернокорејскиот Парламентот, Ким Јонг Нам им се обрати на граѓаните пред почетокот на парадата за да му ја честита новата титула на Ким Јонг Ун – претседател на Работничката партија.
-Изборот ја докажа апсолутната доверба на нашата војска и нашиот народ во големиот лидер Ким Јонг Ун, рече тој, повикувајќи на одлучна и доследна поддршка на идеологијата и прописите кои ги промовира „драгиот лидер Ким Јонг Ун“.
Конгресот на севернокорејската партија траеше од петокот до понеделникот.
Илјадници делегати во неделата го усвоија предлогот за потребата од стопански напредок и за развој на „нуклеарна сила за самоодбрана“.




