Најмалку осум лица загинаа во денешните судири на христијани Копти и на муслимани на североистокот на Египет.
Светските агенции јавуваат дека загинале седум христијани и еден муслиман, во судирите во едно место оддалечено 40 километери од главниот град, Каиро.
Во инцидентот биле повредени и 17 копти и тројца муслимани. Судирот започнал кога млади копти ставиле крст на ѕидот од еден муслимански институт, што доведе до тепачка меѓу студентите на институтот и коптите.
Агенцијата АП наведува дека по избивањето на тепачката се вмешало и локалното населени, како и дека било употребено и огнено оружје во меѓусебната пресметка на христијаните и муслиманите