Нелсон Мандела, легендарниот лидер на борбата против апартхејдот и поранешен претседател Јужна Африка, денеска е отпуштен од болница, каде во изминативе девет дена се лекуваше од пневмонија.
Мандела беше отпуштен по постепеното подобрување на неговата општа здравствена состојба, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот на Јужна Африка, Џејкоб Зума.
Првиот претседател црнец на Јужна Африка, 94-годипниот Мендела, на 27 март беше примен во болница во Преторија. Ова беше трета хоспитализација на Мандела од декември минатата година.
Мандела, кој беше претседател на Јужна Африка од 1994 до 1999 година, не се појавил во јавност од јули 2010 година, кога присуствуваше на финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство.