Вршителот на должност претседател на Бразил, Мишел Темер формира нова Влада.
Во првото обраќање пред Бразилците како претседател Темер изјави дека негов приоритет ќе биде заживувањето на бразилската економија.
Темер побара неговиот Кабинет да биде Влада за национален спас која ќе ја обедини земјата.
– Имаме итна потреба да ги надминеме поделбите во општеството и да ја обединиме земјата. Итно ни е потребна влада на национален спас, посочи тој.
– Целосно сум уверен дека треба да ја вратиме довербата кон Бразил и да привлечеме инвестиции и да создадеме работни места, нагласи 75-годишниот Темер.
Досегашниот заменик-претседател ја презеде претседателската функција вчера, откако Сенатот гласаше за отстранување од функцијата на Дилма Русеф во рамки на процедурата за импичмент.
Церемонијата на стапување на должност се одржа во официјалната резиденција на претседателот, палатата Планалто во главниот град Бразилија.




