Српската православна црква e против прифаќањето на договорот што ЕУ им го понуди на Белград и Приштина на последната рунда разговори меѓу двете страни.
Србија и Косово имаат рок до вторник да и одговорат на Унијата дали го профаќаат договорот, со кој Србија ќе треба да се откаже од контролата над северно Косово, во замена за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.
Поглаварот на СПЦ, патријархот Иринеј во писмо испратено денеска до српкото раководство, нагласува дека „не треба да се откажат, да го продадат или да го предадат“ Косово поради „сомнително ветување“ за членство во ЕУ.
Во меѓу време, како што јави Б-92, во Белград продолжуваат консултациите на српкиот државен врв околу договорот. За утре е предвидена средба на српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и првиот вице-премиер Александар Вучиќ со лидерите на пратеничките групи во Собранието на Србија.