Сите се бегалци – некогашни новинари, филмски продуценти и друг технички персонал кои секојденвно известуваат од Лезбос, Идомени и Германија.
Немаат ни зграда, ни возен парк, ни фреквенција. Сепак известуваат од неколку најважни точки во Европа – од Лезбос и Идомени, до камповите во Германија.
Сите се бегалци од Блискиот исток. Ентузијасти – некогашни новинари, филмски продуценти и друг технички персонал, со помош од германски и австриски фондови секојденвно известувата за животот во најкритичните точки за нив – првата, островот Лезбос, нивниот кошмар кампот Идомени и нивната крајна цел и сон – Германија.
Главен репортер на рефјуџи.тв (www.refugee.tv) е Арман Ниамат Ула. Тој е новинар, а во кампот во Идомени во кој е веќе три месеци се занимава со секојдневниот живот кој често е исполнет со протести. Тој и уште десетина бегалци кои се наоѓаат ширум Европа во камповите прават стории и ги прикачуваат на Јутјуб.
– Во медиумите бегалците често се само пасивни објекти и немаат прилика да покажат како работите изгледаат од нивн перспектива. Бегалската телевизија сака тоа да го промени, вели тој.
Пред три години Ула дошол во Грција како бегалец. Добил азил во Германија и станал филмски продуцент. Но сега е назад во Атина и во Идомени да известува за голготата на неговите сограѓани.
На веб страницата на рефјуџи.тв пишува дека „идејата е да се создаде ТВ станица која ќе биде направена според потребите на бегалците во соработка со германско- австриски тим за филмови“.
Известувачите се од Блискиот исток кои дошле во Европа како бегалци. Меѓу оние кои доаѓаат во Европа има образувани, занаетчии, филмски продуценти, новинари и камермани. Тие биле присилени да си заминат од нивната земја бидејќи ги истакнувале проблемите и неправдите во нивните татковини.
– Оваа телевизија им обезбедува платформѓа за нивната работа што ја работат со срце, велат од рефјуџи.тв.





