Државната изборна комисија на денешната седница формално утврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на петти јуни.
ДИК се откажа од ждрепката за утврдување на редоследот на листи на кандидати во гласачко ливче затоа што во трката остана само ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата.
Листите на НДМ и официјално се отфрлени, бидејќи не се отстранети неправилностите за кои партијата на Јанко Бачев имаше 24 часа, а на денешната седница ДИК потврди дека СДПМ ги повлече своите кандидатски листи.