НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државата со догматски аргументи против сексуалното образование

0
By Менче Атанасова Точи on May 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија има три пати поголема стапка на тинејџерски абортуси од земјите на ЕУ, во пораст се тинејџерските бремености.

Околу пет проценти од девојчињата до 13 години веќе имале по еден партнер, а до 16 години по два партнера. Секоја втора девојка има по некоја сексуално пренослива болест. Само три проценти од учениците некогаш учеле за орална контрацепција, а 12 проценти за употреба на кондоми. Осум проценти од учениците биле жртви на ваков тип насилство во училиштата. Дури половина од наставниците во училиштата сакаат да држат часови по сексуално и репродуктивно здравје.

Застрашувачки е што во 21 век во Македонија се уште се договараат малолетнички бракови во сите заедници, без разлика на религија и националност.

Додека државата воведува предмет Историја на религија, состојбата со информираноста на младите за сексуалното образование е алармантна.

Усвојување на современа наставна програма за сеопфатно сексуално образование како дел од наставните програми во основното и средното образование, се залага невладината организација ХЕРА. Потребата е препознаена од неколку стручни институции, поддржана од граѓанскиот сектор, академската јавност и Собраниската комисија за еднакви можности.

„Доколку демократијата и човековите права за излез од политичката состојба, се надеваме дека ќе воведат програма за сеопфатно сексуално образование“, велат во ХЕРА

Но, Министерството за образование и Бирото за развој досега не само што не презедоа соодветни чекори за да се едуцираат учениците, туку користејќи догматски аргументи на партиска идеологија, изјавија дека нема потреба од вакво образование.

Сепак, сеопфатното сексуално образование функционира. Акредитирани едукатори од ХЕРА минатата година спроведоа едукации со млади на средношколска возраст според програмата во согласност со насоките на Светската здравствена организација и УНЕСКО.

Денеска преку симболичен Јавен час на кој учествуваа истакнати личности од сите сфери на општеството , уште еднаш се нагласи дека во нашето образование младите тешко можат да се информираат за сексуалноста , но затоа пак, многу лесно можат да се сретнат со митови, информации кои потикнуваат предрасуди и застарени податоци.

догма држава тинејџерска бременост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.