НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Бројност на населението, предизборни шпекулативни математики

0
By Нова ТВ on May 17, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ако Македонија има 2,5 милиони државјани, тогаш се поништуваат сите останати економски параметри со кои сега се фали Владата, а се однесуваат на стапката на невработеност, сиромаштијата – оценуваат аналитичарите за неделната економска анализа на Порталб.

По објавата на заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков дека земјава брои 2 464.266 државјани, дел од експертите оценија дека овие предизборни пребројувања, во отсуство на официјален попис, се само шпекулативна математика.

Во прашање се доведени економските показатели?

Во отсуство на попис, кој не е спроведен од 2002 година и поради тоа Македонија, заедно со Сомалија се единствени земји кои не ја спровеле оваа операција повеќе од една деценија, секое лицитирање за бројноста на државјаните е шпекулативно и влијае врз сите останати параметри, велат аналитичарите. Делемите се отворија откако заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков дека земјава брои 2 464.266 државјани.

“Прашањето кое треба да се постави е колку овие бројки треба да се земат сериозно предвид затоа што доаѓаат од МВР, а не од Министерството за правда кое по закон ја води матичната книга и кое е задолжено за издавање на државјанства. Министерството за внатрешн работи своите информации ги базира врз основа на базата за издадени лични карти и патни исправи, иако двете министерства соработуваат помеѓу себе и МВР има увид и во матичните книги. Манипулациите со вистинската бројка на македонски државјани, заедно со впишаните во избирачкиот список е многу лесна поради многу дупки во целиот државен систем“, вели за Порталб.мк политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ.

Според неа, прво треба да се постави прашањето за дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство, колку тие имаат валидни и точни информации за македонски државјани во земјите во кои се тие поставени.Потоа, Стојдинивиќ смета дека Државниот завод за статистика нема јасни бројки колку луѓе се исселени од последниот попис во 2002 година, што е голем фактор во одредувањето на точната бројка и на државјани и на гласачи.

“Без пописот не можеме да одредиме ниедна точна бројка во било која сфера од општеството, а уште помалку да организираме демократски избори“, вели Стојадиновиќ.

Лицитацијата со бројот на државјани предизвика и реакции кај економистите. Дел од нив сметаат дека со објавување на информацијата за скоро 2,5 милиони жители се доведуваат во прашање економските параметри.

“Молам некој да ми објасни дали пресметките на БДП на еден жител се прават на 2 милиони или на 2,5 милиони жители. Разликата е многу голема. Многу поуспешна економија би биле кога би го употребиле вистинскиот број жители – 1,7 милиони“ – напиша на социјалните мрежи универзитетскиот прфесор Мирољуб Шукаров.

Сличен став има и политикологот Стојадиновиќ.

“Бројката дека во Македонија има околу 2,5 милиони државјани, од кои половина милион се малолетни, значително влијае на сите бројки во сите сфери од општеството со кои се манипулираше, а и лицитираше до сега. Ако тргнеме од процентот на невработеност за кој владата тврди дека е намален и дека е 27%, со последниве бројки, тој ќе се зголеми минимум на 37%. И пак тоа нема да биде реалната бројка на невработени затоа што сивата економија цвета. Манипулацијата со овие бројки влијае и на процентот на сиромаштија во државата. Беше малку над 20%, сега ќе биде сигурно 30%, а можеби и повеќе“, оценува за Порталб.мк Стојадиновиќ.

Според податоците од Министерството за внатрешни работи, Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно 2.464.266 државјани. Ваквиот податок од МВР комисијата го побарала за првпат и тој покажува дека бројот на луѓе со право на глас е зголемен.

“Информацијата дека Македонија има над 2 милиони и 400 илјади државјани од кои околу два милиона со право на глас што до ДИК ја достави Дополнителниот заменик министер на МВР Чавков е поприлично несериозен чекор за да се смета за веродостоен“ , оценува поранешниот прв човек на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски кој останува на ставот дека е неопходно да спроведе попис на населението, но по сите параметри. Оваа операција  се смета дека не е важна само за  да се преброи населението дома, туку и да се добие комплетна слика, бројка и статус за луѓето што работат и живеат во странство. Според експертите од областа на статистика,  ние како држава сега не располагаме со  квалитетни податоци за тоа колку од населението заминува надвор од земјата  и колку долго таму престојува бидејќи повремените враќања не може да се сметаат како доселување.

Традиционалниот начин на попишување преку терен е најскап, но тој е најприменлив за наши околности, смета Герасомовски.

„Електронското попишување не е возможно бидејќи за тоа пред се се потребни законски рамки, точно утврдена методологија и стандарди. Може да се зборува за комбинирање на “регистри“ и “теренско“ попишување но и з аова е потребно да се исполната услови, односно најпрво треба да се спроведе теренски попис преку кој во законска рамка ќе се направат и регистрите кои потоа ќе бидат основ за следен попис. Сметам дека Македонија мора да ја спроевде оваа операција, бидејќи Обединетите нации веќе ги поставуваат новите стандарди за попис 2016-2020 година. Ние, ќе треба та да го направиме врз постоечките стандарди, но без разлика на тоа оваа операција неминовно мора да се спроевде“, изјави за Порталб.мк Герасимовски.

Бројот на државјани на Македонија, што заменик министерот Чавков ја достави до ДИК не е спорна единствено за членовите на ДИК кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА, со тоа што за нив оваа бројка од 2,4 милиони државјани ја дава логиката зошто избирачкиот список брои 1,8 милиони гласачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.