Започна протестот против воведувањето на кирилицата во Вуковар, Хрватска.
На плоштадот „Бан Јелачиќ“ собрани се неколку илјади граѓани, а организаторите најавуваат учество на поголем број демонстранти, отколку на претходниот собир во Вуковар, кога имаше 20.000 луѓе. Сообраќајот во центарот на градот е во прекин.
Собирот го организира „Штабот за одбрана на хрватскиот Вуковар“, а насобраните граѓани носат знамиња и транспаренти, а некои од присутните се облечени во воени униформи.
На транспарентите пишува „Вуковар е моја Хрватска“, „Ние рековме не“, и извикуваат „Вуковар, Вуковар“.
Претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ синоќа изјави дека очекува собирот да биде во рамките на законот и дека граѓаните ќе се придржуваат кон тоа.