Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност, наместо бараните пет милиони евра запиша десет милиони евра, односно двојно повеќе, вели дополнителниот заменик министер за финансии во оствка Кире Наумов.
– Се уште нема никакво објаснување за која намена се користат средствата од новите задолжувања.
Нетранспарентноста на буџетските трошења и темпото на зголемување на јавниот долг се двете најизразени забелешки во сите извештаи изготвени од страна на меѓународните финансиски институции и Европската комисија за економската состојба во Р.Македонија, се вели во писмената изјава на Наумов.
– По скандалозната одлука на Вишиот управен суд, со која се врати на повторно одлучување постапката околу задолжувањата на домашниот пазар, Управниот суд на Р.Македонија се уште нема донесено нова пресуда, иако се поминати повеќе од два месеци.
Со неодлучувањето од страна на судот, само се остава простор за нови задолжувања на грбот на граѓаните, тврди тој.