Кандидатите за демократската номинација на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон и Берни Сандерс освоија по една победа на прелиминарните избори вчера – Сандерс во Орегон, а Клинтон во Кентаки.
Иако победата на сенаторот од Вермонт не ја наруши позицијата на Клинот како најсериозен кандидат за освојување на претседателската новимација кај демократите, сепак таа не може целосно да се фокусира на конечната пресметка со најверојатниот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, на националните избори на 8 ноември годинава.
Клинтон и натаму же мора да се фокусира за финалната внатрепартиска пресметка на7 јуни, кога ќе се гласа во шест сојузни држави, вклучувајќи ја и Калифорнија, која дава 548 делегати.
На Клинтон и недостигаат нешто повеќе од сто делегати за да биде кандидат, додека Сандерс ќе мора на сите преостанати прелиминарни избори до 14 јуни да освои речиси 90 проценти од сите делегати.
За победа и освојување на демократската номинација се потребни 2.383 делегати. Клинтон
повика Сандерс да се повлече од трката за да им се стави крај на предизборите, но Сандерс не се откажува и ги обвинува медиумите и аналитичарите дека предвреме го отпишуваат.
Републиканците во вторникот гласаа само во Орегон, но тоа нема никакво влијание, бидејќи Трамп остана единствениот кандидат во трката за претседателска номинација.




