Египетската војска која ја спроведува потрагата по исчезнатиот авион на ИџиптЕр соопши дека се пронајденин остатоци од леталото во Средоземното море, северно до Александрија.
Исто така пронајдени се и делови од багажот што им припаѓал на патниците.
Претходно францускиот министер за надворешни работи изјави дека е апсолутно невозможно дека авионот бил соборен иако египетските власти велат дека токму терористички акт е најверојатната причина за падот на авионот.
Египетскиот министер за цивилно воздухопловство Шериф Фати изјави дека несреќата е се уште под истрага, но дека можноста дека се работи за терористички напад е поголема отколку дека е технички проблем.
Авионот од типот Ербас320 со 66 патници и членови на екипажот кој леташе на релација Париз- Каиро се урна во средата навечер на египетска територија. Египетските власти сметаат дека поголема е веројатноста авионот да е урнат со бомба од внатре, отколку дека с еработи за технички проблем.
Според грчките служби кои први алармирале за несреќата, авионот едноставно исчезнал од радарот, без претходно да губи висина. Претпоставките се дека авионот паднал во море.




