Пратеникот Петре Шилегов му упадна на среде прес конференција на Андон Чибишев од ВМРО ДПМНЕ којшто на новинарите им се обраќаше за станови кои ги купил Петре Шилегов. Шилегов влета пред камерите и го повика Чибишев од ВМРО-ДПМНЕ да каже што не му е јасно околу становите кои се стекнати законски и во рамки на неговите примања.
„Нема ништо незаконито и спорно во имотот на Петре Шилегов. Предметните станови се купени на кредит на 23 години. Направете разлика господине Чибишев помеѓу луѓе коишто чесно заработуваат и криминалците во вашите редови, на чело со Никола Груевски. Јас чесно заработувам а вие крадете од државните пари. Тоа е голема разлика.“ рече Шилегов.
Пред да стапи на пратеничката функција Шилегов беше адвокат со приватна пракса. Тој денеска држеше прес-конференција за анкетните листови на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски според кои тој заштедил 120 000 евра во 2015 година.