Австријците одбија земјата да им ја екстремен десничар и го избраа Александер Ван дер Белен за нов претседател на земјата.
Министерството за внатрешни работи соопшти во 16.45 часот дека Ван дер Белен освоил 50.3 отсто гласови.
Кандидатот на екстремната десница Ноберт Хофер на социјалните мрежи го призна поразот.
Двајцата кандидати во изборите во неделата излегоа со ист број на добиени гласови по пребројувањето на речиси сите избирачки места. За да го добие точниот резултат Изборната комисија одлучи да ги преброи и гласовите на 14 отсто Австријци кои живеат во странство и кои гласале писмено.
Соочени со перспективата дека на чело на државата може да дојде член на екстремно десната партија ФПО, 70 отсто Австријци излегоа на избори во досега невиден елан на граѓанското општество.
Хофер, кандидатот на ФПО излегува од најрадикалната есктремно десна партија во Европа.
Ван дер Белен има 72 години и е професорот по економија на Универзитетот во Виена. Според неговите колеги Ван дер Белен е човек на компромис, со силни убедувања, човек кој е прецизен, размислува, трпелив и со посебен смисол за еднаквост.




