Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во МВР нема пристигнато никаква пријава за гласачи од Пустец кои гласале во општина Центар.
„Со оглед на тоа што до нас нема никаква пријава од овластено лице од избирачките одбори не би можела да ги коментирам сите шпекулации што можеби се јавуваат на социјалните мрежи или во некои од медиумите кои секако дека најдобро знаат што е целта од објавување такви информации.
– До овој момент до МВР нема доставено претставка или повик за интервенција со таква или слична содржина“ рече Јанкулоска.