Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турски милијардер со македонски пасош, обвинет за милионски криминал

1
By Нова ТВ on May 26, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 26, 2016 15:44

Каква е поврзаноста на турскиот бизнисмен и трговец со злато Реза Зараб со Македонија? Овој контроверзен милијардер од Турција на кому во Америка му се суди за кршење на санкциите воведени кон Иран, истовремено поседува македонски и ирански пасош. Судењето на Реза Зараб е топ тема во американските медиуми, а внимателно го следат и медиумите во Турција.

Во септември минатата година на Твитер турскиот новинар Илхан Танир најавил дека Реза Зараб отвора луксузен хотел во Македонија, а инвестицијата е вредна 650, 000 евра. Кој е овој хотел, кој бил во план да го отвори Зараб, засега не е познато. Но, за поврзаноста на Зараб и неговите бизнис врски со Македонија упатува и фактот дека во 2013 година кај тогашниот директор на Халк Банка, Сулејман Аслан, беа најдени стотици  илјади долари во кутии за чевли, за кои истражните власти во Турција тврдеа дека биле мито од бизнисменот Реза Зараб. Аслан негирал дека парите биле наменети за криминал и изјавил дека доларите биле планирани како донација за исламско училиште во Македонија.

rez twitter

Реза Зараб, познат и под името Риза Сараф, во март годинава е уапсен во Мајами и обвинет за заговор да се исплатат стотици милиони долари во финансиските трансакции, со кои и помогне на иранската влада и на ирански поединци да ги избегнат американските санкции. Неговите адвокати минатата недела побараа од судот во Менхетен ослободување на Зараб  и за негово префрлање во домашен притвор, а за тоа понудија кауција од 50 милиони долари. Но, обвинителите се спротивставија на овој предлог и инсистираат тој да остане во притвор во затвор, зошто се плашат дека со неговите три пасоши може многу лесно да ја напушти Америка и да се вгнезди во земја која нема да го екстрадира назад. Денеска судот ја отфрли кауцијата и одлучи Зараб да не го префрли во домашен притвор.

33 годишниот Зараб, е уапсен со 103,000 долари во кеш, а кај него се најдени македонски пасош, како и патни исправи од Иран и Турција, пишува денешен Њујорк Тајмс. Според американските власти, неговиот бизнис има годишен обрт од 11 милијарди долари и е сопственик на 20 луксузни имоти низ светот, автомобили, јахти, приватен авион и повеќе од 10 милиони долари во уметнички дела.

Обвинителите тврдат дека претходно Зараб го користел своето богатство за да ги поткупи корумпираните политичари во Турција, што укажува на неговото апсење во 2013 година под обвинение дека подмитил високи претставници за да врши финансиски трансакции во корист на Иран. Зараб подоцна беше ослободен откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, за кој американските обвинители  рекоа дека има”блиски врски” со Зараб, го отфрли случајот како обид за државен удар оркестриран од неговите политички непријатели.

Во случајот во САД, Зараб се изјасни дека не е виновен, иако обвинителите изјавија дека од 2010 до 2015 година, тој заедно со уште двајца ирански државјани, преку неговите компании во Турција и во Обединетите Арапски Емирати им помагале на поединци и владата во Иран да ги избегнат американските санкции. Обвинителите наведоа дека имаат цврсти докази, вклучувајќи обемна е-мејл комуникација, деловни книги и финансиски докази кои покажуваат дека Зараб ја користи мрежата на бизниси за да ги избегне американските санкции кон Иран.

Ако биде прогласен за виновен, Реза Зараб се соочува со неколку децениска казна затвор. Инаку, Зараб е оженет со познатата турска поп пејачка Ебру Ѓундеш.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.