Американската амбасада му се придружи на комесарот Јоханес Хан во апелот до претседателот Иванов целосно да ја повлече аболицијата за да може државата да се врати на нејзиниот евроатлантски пат.
„Како што рековме минатата недела, делумното или селективното повлекување на помилувањето ќе придонесе за пораст на чувството на неказнивост во земјата и ќе ја попречи Македонија да направи прогрес кон најважните цели, вклучувајќи го и прогресот кон НАТО и ЕУ. Македонија мора сеопфатно да се справи со овој проблем“, стои во реакцијата на амбасадата на САД објавена на Фејсбук.
Денес претседателот Ѓорге Иванов донесе одлука да ја поништи аболицијата за 22 лица кои се политички експонирани.