Македонскиот Службен весник ја објави официјалната листа на лица на кои претседателот Иванов им ја повлече аболицијата.
На списокот на лицата за кои аболицијата е повлечена се наоѓаат лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, екс дирекорот на УБК Сашо Мијалков и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски.
Тука се и имињата на претседателот на Собранието Трајко Вељановски, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски, советникот во Владата, Мартин Протоѓер, членот на ДИК Бедредин Ибраими, како и функционерите од локалната власт Коце Трајановски, Ирена Мишева, Тони Трајковски, Владимир Талевски и Владимир Тодоровиќ, директорот на затворот Идризово Живко Пејковски, високиот функционер во МВР Тони Јакимовски, членот на општинската изборна комисија во Чаир Исмет Гури, екс разузнавачот Зоран Верушевски и Бранко Палифров, обвинети во случајот Пуч.
СЈО го отвори и случајот ТНТ во кој обвинет е Тони Трајковски за уривањето на објектот Космос на Фиат Цаноски.
Според зборовите на Иванов останатите 33 лица можат да поднесат лични барања за поништување на нивните одлуки за помилување.
Лицата кои можат да побараат повлекување на аболицијата се началниците од УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски и архиварката Валентина Симоновска. Тие се осомничени за уништување на опремата за прислушување од случајот Тврдина.
Градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, претседателот на општинската изборна комисија во Центар Коста Митровски и шестмината полицајци обвинети тортура при апсењето на Љубе Бошкоски се на листата на лица кои можат да побараат повлекување на аболицијата. Темелко и Митровски се товарат за изборни измами.